<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":44,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=44"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

         Она што е сериозен недостаток во актуелната база на податоци е графичката
    претстава и графичкиот податок за културното наследство. Во таа насока, неопходно е
   воспоставувањето на информативен систем за културното наследство.

 2.16. Природни непогоди и техничко -технолошки хаварии

2.16.1. Природни непогоди

         Поплави

         Со Просторниот план на Република Македонија (2002         -2020) се предвидува
    изработка на прогностички модели за поплава за: подрачјето на Скопје со акумулацијата
    Козјак, подрачјето на Велес со акумулациите Козјак и Вакуф, Црна Река до излезот од
    Пелагонија, акум улациите Калиманци и Тиквеш и системот Охридско Езеро     -Глобочица -
   Шпиље. Активностите во оваа насока резултирале со изработка на Прелиминарна проценка
   на ризикот од поплави за: Пелагонија  6, сливот на Брегалница  7 и сливот на Црни Дрим 8, како
   и План за управување со ризикот од поплави за сливот на р.Струмица   9.

          Значаен придонес кон подобрување на состојбата на заштита од поплави може да
   имаат и браните со акумулац   ии изградени во  овој период: Козјак, Св. Петка  , Лисиче и
   Кнежево .
         Одржувањето и реконструкцијата на веќе изградените системи е на незадоволително
    ниво, а потврда за тоа се и неколкуте поголеми поплави кои беа катастрофални во
   изминатиот период.
         Во однос на преиспитување на степенот на заштита на градот Скопје, изготвени се
   неколку документи:
            ·   Хидролошка основа за Скопски регион (УХМР, 2022),
            ·   Стратегија за управување со води во Скопскиот регион (UNDP, 2022),
            ·   Стратешки план на град Скопје за период 2020    -2022 година (Таргет Комуникации,
           2022),
            ·   Хидролошка студија за уредување, заштита и подобрување на режимот на водите и
          заштита на урбаното подрачје од надворешни води за ГУП на Град Скопје (ГИМ, 2024)   .

          Други временски непогоди (снежни намети, лавини и луњи)

        Од донесувањето на Просторниот план на Република Македонија (2002         -2020),
   реализирани се следните активности:

            ·   Донесени се повеќе законски и подзаконски акти;

            ·  Формирана е Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување со кризи;

            ·   Изработени „Процени за загрозеност од природни непогоди, епидемии, епизотии,
          епитофитотии и други несреќи“ на национално и локално ниво.

         Пожари на отворен простор

         Во однос на мерките за заштита од пожари на отворен простор, во периодот на
   имплементација реализирано е:

            ·   Спроведени структурни реформи (законски, организациски и институционални) и



      6 PFRA -Preliminary Flood Risk  , 2015
      7 PFRA -Preliminary Flood Risk  , 2015
      8 PFRA -Preliminary Flood Risk  , 2018
      9 FRMP -Flood Risk Management Plans   , 2016

                                                                                  32
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":44}>>>
