<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":42,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=42"}>>>
              Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

  категории за заштита согласно Законот за заштита на природни реткости, кој во моментот
  бил на сила. Покрај тоа, планот ја интегрира и категоријата за заштита која е усогласена со
  класификацијата на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN).

         Согласно степенот на истраженост и научните сознанија во тој период, во
  Просторниот план биле регистрирани 265 локалитети кои според своите карактеристики и
  природни вредности се заштитени или предложени под соодветен режим на заштита со
  вкупна површина од   298.566 ha или 11,6 % од територијата на Државата. Мрежата на
  заштитени подрачја (74 локалитети) зафаќа површина од 187.770 ha или 7,11% од вкупната
  површина на Државата, при што преку различни степени на заштита е предвидено
  зголемување на површината на заштитените подрачја до 2020 година за 4,4 %.

        Со донесување на Законот за заштита на природата во 2004 година усвоена е нова
  категоризација за националните заштитени подрачја со пропишана обврска за
  ревалоризација и рекатегоризација на претходно прогласените заштитени подрачја. Во 2010
  година во претх одно наведениот закон предвидена е дополнителна форма на заштита     –
  природна реткост.

        Во текот на 2010  -2011 година спроведена  e детална анализа на сите заштитени и
  предложени подрачја за заштита   3, при што р езултатите од анализата посочуваат дека 13
  подрачја се нерепрезентативни или ги имаат изгубено природните вредности и истите треба
  да се избришат од листата на подрачја за заштита.  Дополнително, анализата покажува дека
  заштитените споменици на природата Јасика (Јегуновце) во општина Тетово,   Црни Ореви во
  општина Демир Капија и Црна топола во општина Берово ги изгубиле вредностите заради
  кои биле заштитени. Локалитетот Алшар, кој беше  заштитен како споменик на природата во
  2009 година, заради овозможување на геолошки истражувања за утврдување на присуство
  на економски значајни количини на руди е тргнат од листата на заштитени подрачја.

        На национално ниво потребно е да се зголеми бројот и површината на заштитените
  подрачја, со што ќе се подобри националната политика за заштита, зачувување и одржливо
  користење на биолошката разновидност. Подрачјата што ги изгубиле вредностите поради
  кои биле ставени под заштита, со донесување на соодветни акти треба да бидат отстранети
  од листата на заштитени подрачја.

         Врз основа на согледаната состојба, заштитата на природата треба да е во насока на
  воспоставување на интегриран систем за заштита на сите компоненти на природата
  (биолошка и пределска разновидност), ефикасно зачувување и управување со природните
  вредности и поврзување на заштитените подрачја со коридори како дел од зелената
  инфраструктура, како и економско вреднување на природните ресурси.

2.15. Културно наследство

        Непосредно по донесувањето на Просторниот план на Република Македонија (2002   -
  2020) е усвоен нов Закон за заштита на културното наследство    4 кој воведе повеќе новини во
  организацијата и пристапот кон заштитата на културното наследство.

         Имајќи ги во предвид целите на Просторниот план на Република Македонија кои се
  однесуваат на заштитата на културното наследство, може да се констатира дека:

       1.  Задолжителниот третман на недвижното културно наследство во процесот на



    3 Во рамки на UNDP/GEF/МЖСПП проектот „Зајакнување на еколошката, институционалната и финансиската
   одржливост на системот на заштитени подрачја во Република Македонија“
    4 Службен весник на Р епублика Македонија, број 20/ 20 04

                                                                                 30
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":42}>>>
