<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":41,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=41"}>>>
              Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

         оптоварувањето со туристичко  -рекреативни „потоци” на подрачјето Тетово  -Попова
        Шапка -Лешница;

          ·  Мерки за заштита на загрозените шумски видови во општините Шипковица, Теарце и
         Вратница.

          ·  Мерки за заштита на шумите во Малешевијата, преку прогласување на Заштитен
        предел „Малешево“ и изработка на Регионален план за управување со шумите и
         заштита на шумските видови во НП Галичица и НП Пелистер (вклучително Ростуше),
         како и СП Вевчански Извори;

          ·   Уредени бројни туристичко -рекреативни локалитети во беровско, во ЗП Малешево,
         во околината на Штип (Исарот и Туртел) преку уредување на патеки, поставување на
        информативни табли и друго;

          ·   Заштита на горниот тек на р.Злетовица со координирана акција на Хидросистемот
         Злетовица и Заштитениот предел Осоговски Планини и превземени мерки за заштита
         на изворот Калин Камен (поставена е ограда);

          ·   Спроведени редовни активности за пошумување во Прилепско, Битолско, во Општина
        Витолиште (Мариово), Општина Бач (Кајмакчалан), Кавадаречко и Демирхисарско
        кои се дел од шумско -стопанските планови.

         Нереализираните мерки и активности за заштита на животната средина се резултат
  на ограничените финансиски средства кои се инвестираат за намалување на загадувањето
  на медиумите во животната средина, како и несоодветното одлагање на, што резултира со
  деградација на просторот на повеќе локации низ земјата. Концептот на регионално
  управување со комунален цврст отпад, кој е воспоставен со Просторниот план на Република
  Македонија иако не е реализиран, отвори можност за регионализација на управувањето со
  отпадот, преку донесување на Национална стратегија, Национален план и регионални
  планови за управување со отпадот.

        Во изминатиот период на национално ниво се донесени низа стратешки документи и
  за управување со квалитетот на медиумите во животната средина. Забележителен напредок
  во областа на заштита на животната средина е остварен во однос на усогласување на
  законодавството со препораките од земјите членки на ЕУ. Дополнително, воспоставен е
  мониторинг за следење на промените во медиумите и областите на животната средина. Во
  2008 година се усвоени Индикатори за животна средина кои ги прикажуваат клучните
  трендови и овоз можуваат брзо и соодветно дејствување на сите учесници во процесот на
  заштитата на животната средина, а особено се релевантни за креирање на политиките за
  заштита на животната средина.

        Во следниот период потребно е да се реализираат мерки и активности за заштита на
  животната средина, кои ќе придонесат за намалување на загадувањето и подобрување на
  квалитетот на воздухот, водите, почвата, организирано управување со отпадот, како и
  санација и рекултивација на деградираните простори (диви депонии, жешки точки и др.).
  Следењето на состојбите, квалитетот и промените во медиумите и областите на животната
  средина треба да по служи како основа за креирање на релев  антни политики за заштита на
  животната средина.

2.14. Природно наследство

         Просторниот план на Република Македонија (   2002 -2020 ) детално ги разработува
  различните режими на заштита на природното наследство, прилагодени на националните


                                                                                 29
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":41}>>>
