<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":40,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=40"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

      ·   Делумна рекултивација на депонијата Југохром со зафаќање на површинските води
      и изградба на пречистителна станица, делумна рекултивација на депонијата за пепел
      од ТЕ Осломеј со покривање и засадување на вегетација, рекултивација на
      каменоломот кај с. Фалиш   е, рекултивација на депониите на техноген отпад во
       рафинеријата ОКТА, делумна рекултивација на јаловиштето на рудникот за јаглен во
      РЕК Битола и рекултивација на браната на јаловиштето на рудникот Бучим   -Радовиш,
       со покривање со земја и пошумување на деград ираниот простор;

      ·   Реконструкција на филтерот за отпадни гасови од електропечката во Железара            -
       Скопје и извршена санација на депонијата на филтер  -прашина;

      ·  Делумно покривање на јаловиштето на рудникот Злетово и утврдување на степенот
      на ризик по здравјето на населението, како и изработка на прелиминарни технички и
      финансиски планови;

      ·  Покривање и пошумување на старите јаловишта од рудникот Саса;

      ·   Изградени погони за преработка на троската и нејзина продажба во индустриската
       депонија на Фенимак;

      ·   Отпочнато е чистење на малата депонија во Охис.

      Во изминатите години се реализирани следните активности за заштита на
перманентно загрозените развојни потенцијали:

      ·   Спроведување на управувачки мерки во индустријата и сообраќајот за заштита на
      обработливите површини покрај индустриските зони;

      ·   Спроведување на мерки за подобрено управување со заштитните зони на изворот
       Рашче, бунарите Нерези -Лепенец, изворот Студенчица и Вевчанските Извори;

      ·   Подобрено пречистување на комуналните и индустриските отпадни води во
       населбите кои гравитираат околу реката Вардар;

      ·   Изграден таложник за третман на преливните води од јаловиштето на Тораница;

      ·   Изградена функционална пречистителна станица за третман на отпадните води од
      Куманово и околината;

      ·   Превземени мерки за контролирана употреба на хемиски средства во
       земјоделството;

      ·   Спроведени активности за комплетирање на колекторот за Охридско Езеро и
      приклучување на околните населби;

      ·   Спроведени активности за контролирана употреба на хемиски средства во
       земјоделието во повеќе општини;

      ·   Редовна контрола на употребата на хемиски средства, како и квалитетот на
      преливите во Тополничка река од јаловиштето на рудникот Бучим.
     Во  функција на превентивна заштита на потенцијално загрозени простори,
реализирани се следните активности:

      ·   Уредување на туристичките локалитети на Шар Планина, во зоните за туризам во
       населбите Здуње, Близанско, Долна Белица и Кнежевски манастир      -Кичевско, на
       туристичко -рекреативните локалитети во Кумановско и Кривопаланечко, во НП
      Пелистер (уредени планинарски   патеки, поставени информативни табли, изграден
      информативен центар, итн.), во НП Маврово, на планината Беласица (Смоларски и
      Колешниски Водопад), во Дојранската и Гевгелиската туристичка зона (уредени
       патеки, шеталишта и плажи околу Дојранското Езеро), как         о и анализа на


                                                                               28
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":40}>>>
