<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":38,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=38"}>>>
              Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

2.11. Телекомуникации

        Во областа на телекомуникациите и телекомуникациската инфраструктура
  изминатите две децении се регистрирани значајни измени.

       До 2013 година, фиксната телефонија се обезбедуваше главно преку бакарна
  телекомуникациска инфраструктура, поврзана на мрежа од дигитални телефонски
  централи, организирани во соодветна хиерархија. Со воведувањето на IMS (IP Multimedia
  Subsystem), класичнит  е дигитални телефонски централи излегоа од употреба. Со
  либерализацијата на пазарот во 2005 година и воведувањето на технологија за пренос на
  говор преку IP (Voiceover IP    - VoIP), голем број субјекти почнаа да нудат услуги за фиксна
  телефонија преку различ ни мрежи, како на пример, преку коаксијалните мрежи за кабелска
  телевизија. За период од помалку од 10 години, VoIP стана доминантна технологија за пренос
  на говор во фиксната телефонија.

         Бројот на претплатници во фиксната телефонија веќе одамна не е релевантен
  показател за развојот на телекомуникациите, од повеќе причини: нудењето на фиксни
  телефонски услуги преку различни технологии, појавата на OTT (over     -the-top) платформи
  кои овозможува ат бесплатен пренос на говор (Skype, Viber, и други), како и трендот на
  миграција од фиксна кон мобилна телефонија.

        Мобилната телефонија доживеа огромен пораст во последните две децении. Бројот
  на мобилни претплатници одамна го надмина бројот на население во Македонија.
  Мобилните претплатници денес, преку мрежите за мобилна телефонија, ги користат
  услугите за пренос на  говор, видео и други мултимедијални содржини, пристап до интернет
  итн. Од аспект на технологиите, успешно се имплементирани и функционираат мобилни
  мрежи од втора до петта генерација (2G, 3G, 4G и 5G). Пристапот до интернет, слично како и
  мобилната телефон ија, исто така бележи огромен пораст во последните две децении, и тоа,
  и во поглед на технологиите преку кои се обезбедува, достапните податочни брзини, така и
  во поглед на бројот на претплатници. Старите пакетски ориентирани мрежи (            како
  Македонската јавна мрежа за пренос на податоци со комутација на пакети      МАКПАК ) и
  телеграфските услуги се одамна заменети со мрежите базирани на IP, кои станаа основна
  инфраструктура за податочен сообраќај.

        Технолошкиот напредок не ја заобиколи ниту радиодифузната дејност. Во
  изминатиот период аналогната дифузија на телевизијата е заменета со нови дигитална
  технологија за дифузија терестријално и преку кабел (DVB   -T, DVB -T2, DVB -C). Дополнително
  користењето на   дигиталната технологија во продукцијата на телевизиските програми
  овозможува телевизиската слика да се пренесува како сите останати дигитални податоци,
  што овозможува пренос и дистрибуција на ТВ програмите преку мрежи наменети за пренос
  на податоци како ш то се IP базираните мрежи, односно Интернетот.   Операторите на јавна
  електронска комуникациска мрежа (или попознати како кабелски оператори) реемитуваат
  програмски пакети, составени од странски и домашни програмски сервиси.

       Што се однесува до поштенските услуги и покрај негативните демографски трендови,
  намалување на бројот на жители и миграцијата село  – град, сепак се бележи зголемување на
  вкупниот број единици во поштенската мрежа на АД „Пошти на Северна Македонија“ од 262
  во 1994 на 289 во 2023.

        Напредокот и достигнувањата во оваа област треба да ја зголемат мотивацијата за
  продолжување со континуираното следење и примена на современите комуникациски
  технологии за подобрување на квалитетот на услугите и поголем пристап до информации и



                                                                                 26
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":38}>>>
