<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":36,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=36"}>>>
              Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

   независност и поголем удел од на обновливите извори на енергија во вкупното
   производството.

2.10. Енергетика и енергетска инфраструктура

         Стратешките определби за енергетскиот развој предвидени со Просторниот план на
  Република Македонија 2002  -2020 предвидуваат две варијанти     - ниска и висока. Според
  двете варијанти, бруто потребната енергија до 2020 год. се зголемува за 2,7/3,1 пати. Во таа
  смисла и потрошувачка на јаглен, како главен енергенс до 2020 год. треба се зголеми за 1.4
   пати. За обезбедување на потребните количини јаглен, предвидено е активирање на
  рудниците Живојно, Брод -Гнеотино и Мариово, а поради исцрпување на рудниците Осломеј
   (Исток и Запад) и Брик -Берово, отварање и на рудникот Поповјани, во непосредна близина
  на Осломеј и рудникот Звегор -Стамер.

        Овие плански решенија останаа без реализација, односно не е отворен ниту еден од
  планираните рудници. Доминантна технологија за производство на електрична енергија во
  нашата Држава сеуште се термоелектричните централи на јаглен, но резервите на јаглен
  освен што се ограничени и се исцрпуваат, се карактеризираат со ниска калорична вредност
  и дополнително претставуваат ризик поради високата емисија на CO              2 при неговото
  согорување. Во таа смисла алтернативите се увоз на висококалоричен јаглен, користењето
  на домашните ресурси од други рудници или премин на други енергенти. Актуелната
   енергетска транзиција на глобално ниво и насоките за постепено исфрлање на     јагленот од
  употреба и се посилните залагања за заштита на животната средина, дополнително
   претставуааат сериозна причина за избор на последната варијанта, односно стимулирање и
  постепена транзиција кон обновливи извори на енергија. Ваквата ориентација на
  македонската економија е се попотенцирана, бидејќи последните години, обновливите
  извори на енергија заземаат се поголем удел во вкупното производство на електрична
   енергија.

         Согласно ППРМ, во структурата на вкупната енергетска потрошувачка до 2020
   година, ќе доминираат течните горива (38,6%), електричната (25,7%) и топлинската енергија.

         Актуелната состојба е малку поинаква. Со намален процент од 23% учествува
  електричната енергија, а доминантно место имаат течните горива со околу 62% (речиси
   двојно повеќе од планираното), додека топлинската енергија не го постигна планираното
   учество, со скромен удел од 2%.

       ППРМ се залага за зголемување на учеството на „алтернативните” облици на енергија
  до 2020 год. со просечна стапка на годишен пораст од 5,1%. Тука фокусот е ставен на
  геотермалната енергија и енергија од сончевото зрачење, но првенствено за потребите на
  земјоделието (оранжериско производство), туризмот и угостителството, како и
  искористување на сончевата енергија во енергетски потреби со поставување на соларни
   ќелии, панели и системи.

         Реалната состојба во овој сегмент далеку ги надмина предвидувањата, па така
   учеството на енергија од обновливи извори во вкупното производство на Државата во 2020
  година го достигна удел од 33%.

        Што се однесува до производството на нафта и нафтени деривати, ППРМ дава
  проекција за работата на Рафинеријата Окта, која според предвидувањата, до 2010 година
  би работела со 55/66% од својот капацитет, а до 2020 година со својот оптимален капацитет.
  Во 20 13 година е затворена технолошката линија за производство на нафтени деривати, а



                                                                                 24
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":36}>>>
