<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":35,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=35"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

   заклучи дека и во овој дел проекциите на Просторниот план на Република Македонија не се
   имплементирани на задоволително ниво.

         Предложеното планско решение за префрлање на вода од подрачја побогати со вода
   (слив на реката Треска) во посушни подрачја (сливовите на реките Струмица и Брегалница)
   не е реализирана. Недостигот и варијабилноста на водните ресурси, ќе продолжи и во
   иднина.

         Стратешкото значење на водните ресурси не само за македонската економија, туку и
   за опстанокот на населението налагаат многу посериозен пристап во користењето и
   заштитата на водите и рационално (одржливо) користење резервите со кои располага
   нашата Држава. Предностите кои ги имаме во смисла на користење на природна вода (без
   преработка и адаптација) се повеќе стануваат реткост на глобално ниво. Во таа смисла
   неопходни се комплексни мерки и активности, како и  поодржливи алтернативи и проекти за
   зголемување на ефикасноста на користењето и заштита на водните ресурси.

2.9.2.  Водостопанство и хидротехничка инфраструктура

         Според динамиката на изведба, во нашата држава може да се издвојат три периоди
   кои се карактеризираат со интензивна градба на брани со акумулации: периодот на 60   -тите
   години од минатиот век т.н. „златен период  “, периодот на 80 -тите, кога воглавно се градени
   ниски брани и последните две децении, кои се одликуваат со премин кон нови типови на
   брани.

         Со ППРМ, предвидена е изградба на 26 водостопански системи од типот брани со
   акумулации. Дел од нив како стратешки решенија имаат континуитет во значајн  и документи
   од областа на водостопанството и хидротехничката инфраструктура, како што се
   Водостопанската основа на Државата од 1977 година и Студијата за интегриран развој на
   водните ресурси и план за управување (JICA, 1999).

         Во последните две децении (период на реализација на планските решенија на ППРМ),
   се изградени/во изградба 9 брани со акумулации, со што Државата се вклучува во самиот
   врв на „Реалното инженерство за брани“ во Европа. Тоа се: акумулациите: Козјак, Матка 2
    (Св. Петка), Лисиче на реката Тополка, Кнежево на Злетовска Река, Лошана на реката Лошана
   и Маркова Река на реката Маркова река; како и акумулациите кои се во изградба: Конско (во
   завршна фаза), Речани на Оризарска река и Отиње во Штип.

         Водните акумулации се клучни објекти за животната средина и водостопанството,
   особено во светло на климатските промени и потребата од обезбедување доволни количини
   на вода за човечките потреби од една и одржување на соодветни услови за опстанок на
   животнит е заедници од друга страна. Акумулациите се единствените објекти кои
   обезбедуваат временска и просторна прераспределба на водните ресурси од водостопански
   аспект, а акумулирањето на водата се повеќе се докажува како неопходна и клучна активна
   мерка за убла жување на хидролошка нерамномерност, која е се поприсутен тренд на
   глобално ниво. Тие овозможуваат надминување на асинхроноста меѓу расположливите води
   и потребите за вода, како и ефикасно намалување на штетите предизвикани од екстремните
   хидролошки појави (суши и поплави).

         Во услови на енергетска криза и енергетска транзиција кон обновливи извори на
   енергија, како дел од долгорочната енергетска стратегија на ЕУ, во периодот кој настапува,
   нашата Држава мора многу посериозно да пристапи кон  обезбедување услови и и нвестиции
   за вложување во капитални хидроенергетски капацитети зголемување на уделот на
   обновливи извори на енергија во со цел да се постигне поголем степен на енергетска


                                                                                  23
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":35}>>>
