<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":34,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=34"}>>>
              Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

         неисполнети услови за нивна реализација. Секундарната аеродромска мрежа е
         задржана во рамки на постоечката, со 5 спортски аеродроми.

          ·   Водниот езерски транспорт и инфраструктура не се зголемени во овој период, а
         проектот за пловен канал по течението на Вардар е целосно напуштен како
        неиздржан проект за кој не се превземени никакви активности.

          ·   Со оглед на тоа што развојот на интермодалниот транспорт е поврзан со развојот на
         железничкиот транспортен систем, и тоа е неостварена проекција.

         Клучното значење на сообраќајната поврзаност и инфраструктура за вкупниот
  економски развој на Државата и регионалната поврзаност, подобрување на нејзината
   позиција во европски рамки и конечно финализирање на процесот на пристапување кон ЕУ,
   упатува на закл учокот дека ова е еден од најзначајните приоритети во просторниот развој до
  2040 година. Тоа наметнува потреба од поголема посветеност во развојот и унапредувањето
  во сообраќајната инфраструктура, со цел да се постигне усогласеност со современите
  меѓународни трендови и конкурентност во опкружувањето. Усогласувањето на
  националните технички стандарди за сообраќајната инфраструктура со директивите на ЕУ,
  вложување поголеми инвестиции во осовременување на патниот и железничкиот транспорт,
   реализација на Коридo рот 8, јакнење на капацитетот на воздушниот простор се само дел од
  мерките и активностите во таа насока кои треба да се основа за поставување на пониските
  цели и плански решенија.

 2.9. Управување со води, водостопанство и хидротехничка инфраструктура

2.9.1. Управување со водите

         Генералната оценка на реализација на зацртаните цели и плански решенија на
  Просторниот план на Република Македонија (2002   -2020 година) во делот управување со
  водите е со низок степен на реализација. П         остигнато е извесно подобрување во
  водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води од населените места, односно
   просечната опфатеност (урбан и рурален дел)   со системи за водоснабдување од 96%, а за
   канализација 82%   . Сѐ уште е низок степенот на покриеност на населбите со системи за
  одведување на атмосферски води  (24%).Напредок е постигнат во сегментот на заштита на
  водите каде е зголемен п роцентот на пречистување на урбаните отпадни води пред нивното
  испуштање во реципиентите од 6% на 27%   .

         Планската одредба „реконструкција и санација на постојните системи, со цел загубите
  на вода да се сведат на 15 до 20%“     , е со многу ниско ниво на реализација и   состојбата со
   загубите (повеќе од 50%) на вода е алармантна   .

         Една од с тратешки цели на ППРМ  е постигнување на „економска цена“ на водата, за
  да се обезбедат услови за нормално одржување, реконструкција и инвестиции во
  комуналната инфраструктура. На овој план нема     значајни активности, бидејќи  цената на
  водната услуга сѐ уште е социјална категорија   .

       Од предвидената проекција на системите за водоснабдување, позначајни реализации
   се: водоснабдување на Велес од акумулацијата Лисиче, водоснабдување на Делчево од
   акумулацијата Лошана, водоснабдување на Кратово, Пробиштип, Св. Николе, Штип од ХС
   „Злетовица“. Предвидените приклучувања на населени места во регионални системи не е
   реализирано.

         Имајќи ги предвид последиците од  поплавните настани во Државата во последните
  неколку години (меѓу првите 10 земји со најголеми економски штети и смртност), може да се


                                                                                 22
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":34}>>>
