<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":33,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=33"}>>>
             Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

      Табела бр. 5 Планиран и остварен туристички промет во РСМ

                                               Број на туристи

                  Планирани во 2020                         Остварени вредности во 2019

      Вкупно       домашни        странски         вкупно        домашни        странски

                                                                 1.027.834          341.667         686.167
          2.500.000         1.500.000          1.000.000
                                                                   (41,11%)         (22,78%)         (68,62%)

                                              Број на ноќевања

                  Планирани во 2020                         Остварени вредности во 2019

      Вкупно       домашни        странски         вкупно        домашни        странски
                                                                 2.766.224         1.295.451        1.470.773
          7.500.000         5.250.000          2.250.000
                                                                 (36,88%)          (24,68%)         (65,37%)

      Табела бр. 6 Планирани и остварени приходи од туризмот во РСМ

                               Планирани и остварени приходи од туризмот
      Планиран девизен приход (во милиони USD $)    Остварени вредности на девизен приход од
      – 2020 година                                туризам и угостителство  – 2019

                                                                                300,12
                               350,0
                                                                                  (85,75%)

      Табела бр. 7 Планирани и остварени легла во РСМ

                                   Планирани и остварени легла
                         Планирани      Остварен број                        Промена %
        Состојба 1996                                    Поклопување %
                             2020         на легла 2020                           1996  - 2020

               79.667             110.000            79.207            72,00%               99,42%

        Туризмот е една од најперспективните гранки на македонската економија, поради
 изобилството на туристички мотиви и ресурси и застапеноста на различни видови туризам.
 Таквата улога треба да ја задржи и периодот кој доаѓа, а за таа цел, покрај другото треба д    а
 се интензивира промоцијата и маркетингот, прекуграничната соработка и диверзификација
 на туристичката понуда.

2.8.  Сообраќај и сообраќајна инфраструктура

        Анализата на планските предвидувања во Просторниот план на Република
 Македонија и соодветната реализација во периодот на имплементација упатува на следните
 заклучоци:

        ·   Предвидениот развој на патната мрежа за период    до 2020 година не е во целост
        реализиран, отстапувањата се најголеми кај проекциите во Просторниот план за
        магистралната патна мрежа, додека повеќе од предвидените проекти се реализирани
         за регионални и локални патишта. Сепак впечатливо е позитивното влијани      е врз
        националната и меѓународната поврзаност со изградбата на автопатот Штип               -
       Миладиновци и проширување на магистралните патишта Штип     -Кочани и Штип   -
        Радовиш;

        ·   Развојот на железничката инфраструктура стагнира и е речиси на исто ниво како во
        2002 година. Единствено е реализиран проектот за реконструкција на пругата од
        Битола до границата со Р епублика Грција, а при крај е и проектот за ремонт на пругата
       од Коридорот 10.

        ·  Од воздушниот сообраќај реализирани се неколку капитални проекти и градежни
        инвестициски зафати за реконструкција, модернизација и надградба на постоечката
       аеродромска инфраструктура. Не се реализирани идеите за изградба на нови
       аеродроми во предложените м ожни локации во Битола, Струмица и Штип, поради



                                                                                21
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":33}>>>
