<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":31,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=31"}>>>
             Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

2.6. Економски развој

        Вонредните општествено  -политички околности и проблематичните економски
 движења во периодот на имплементација на Просторниот план на Република Македонија
 (2002 -2020), резултирале со отстапувања од зацртаните определби за динамизирање на
 македонската економи ја, бидејќи планираните квантификации на основните индикатори за
 економскиот развој со временски хоризонт до 2020 година се покажаа како оптимистички и
 предимензионирани. Свој придонес во ова имаше глобалната рецесија од 2007  -2008 година
  која започна како   хипотекарна криза во САД. Иако македонскиот банкарски сектор
 манифестираше отпорност на надворешните влијанија, сепак беа почувствувани негативни
 последици во облик на делумна стагнација и опаѓање на стапките на раст. На ова се
 надоврзаа некои интерни проб леми, како високата стапка на невработеност и намалувањето
 на инвестициите со тренд на дезинвестирање. Последицата од сето ова беше намалување на
 животниот стандард на населението и квалитетот на живеење.

        Горенаведеното може да се потврди преку компарирање на постигнатите стапки на
 раст во периодот на имплементација на Планот (  Табела бр. 4) со прогнозираните просечни
 стапки на раст на БДП во  Просторниот план на РМ до 2020 година  . Имено, согласно двете
 сценарија од ППРМ, се очекуваше стапките на раст да се движат на ниво од 5,3% односно
 5,1%. Македонската економија само во 2006, 2007 и 2008 година реализираше стапки на
 раст кои беа на ниво од песимистичкото сценарио (5,1%) или мал ку над тоа.

      Табела бр. 4 Стапки на раст на македонскиот БДП 2004  -2020 година, во %  , Извор: НБРСМ


Година     2004     2005     2006     2007     2008     2009     2010     2011     2012     2013     2014     2015     2016     2017     2018     2019     2020


Стапка
             4.7      4.7      5.1      6.5      5.5     -0.4      3.4      2.3      -0.5     2.9      3.6      3.9      2.8      1.1      2.9      3.9      -4.7
на раст

       Во сите останати години од опфатениот период, беа реализирани стапки на раст под
 нивото на прогнозираните, за да во последната 2020 година, се достигне вредност на БДП со
 негативен предзнак. Една од основните причини за ова е пандемијата со COVID             -19,
 проследена со економска криза, која се манифестираше на глобално ниво.

        Диверзификацијата на производната структура и асортиманот на индустриското
 производство и приоритет во структурата на производните и услужните дејности на
 преработувачката индустрија, не се реализираа во планираниот обем. Како резултат на тоа,
 преработувач ката индустрија сé уште се карактеризира со увозна зависност, недоволна
 извозна ориентираност и потреба од големи количини енергија и вода за производните
 процеси. Клучната негативна консеквенција се огледа во отсуството на пропулзивни гранки
 кои ќе имаат улога на носители на развојот.

       Определбите за преструктурирање, натамошна специјализација на производството и
 поврзување на индустријата со други комплементарни дејности, како и определбата за
 рамномерен економски развој и дистрибуција на економските дејности на просторот на
 Државата, н е се реализирани. Не е реализирана ниту целта за селективност во алокација на
 одделни индустриски гранки и насочување на помалку ефикасните и локационо
 флексибилните гранки во руралните подрачја.

      И покрај генерално негативните обележја на основните индикатори на развој, во
 структурата на производните и услужните дејности, можат да се нотираат одредени
 позитивни промени. Тие се однесуваат првенствено на зголеменото учество на трговијата во
 вкупната  економија, проширување и осовременување на продажните капацитети и
 подобрување на снабденоста на населението и стопанството. Ова претставуваше една од


                                                                                19
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":31}>>>
