<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":29,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=29"}>>>
              Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

         Нелегалната градба, за која Просторниот план се залага за комплетно елиминирање
  и контролирање како појава, сеуште е актуелна. Според податоците на 25 општини во
  Државата во 2020 година, од вкупно изградените објекти, околу 15% се без одобрение за
  градење 2.

          За надминување на ваквата состојба неопходен е стратешки плански пристап и
   студиска проценка на потребите од нов станбен фонд, како и ревидирање на актуелните
  нормативи и стандарди во станбената изградба кои реално повеќе се во функција на
  задоволување на квантитативните потреби на пазарот.

        Во однос на бесправната градба, како долгогодишен и комплексен проблем со
   сериозни социјални и политички импликации, решението е исто така комплексно и
   наметнува потреба од системски пристап и строга контрола. Досегашната пракса на
  периодична легализација  не е вистинското решение, бидејќи наместо да го елиминира
   проблемот, често претставува дополнително оправдување, па дури и мотивација за
  продолжување на праксата.

2.5.3.  Јавни функции

        Во Просторниот план на Република Македонија (2002      -2020), појдовна точка во
   организација на јавните функции е рамномерниот развој, односно организација на јавните
  функции согласно планираната мрежа на центри со различен хиерархиски ранг, и
   воспоставување на врски во просторно -функционалните целини. Предвидениот концепт на
   децентрализација на урбанизацијата и регионално рамномерниот динамичен
  полицентричен урбан систем не се реализираше и просторно   -функционалните единици и
   урбаните центри не се развија во мер     ка која би обезбедила просторно, економско и
  функционално интегрирање на подрачјето на Државата, што се рефлектира и во системот на
   организација и спроведување на јавните функции. И покрај бројните иницијативи за
  активирање на недоволно развиените и подрач     ја со специфични развојни ресурси (низ
   проекти од програмите за локален развој и децентрализација) и востановена мрежа на
   институции кои вршат јавни функции, сеуште е видлива разликата во квалитетот и
   просторната достапност на услугите помеѓу урбаните и ру   ралните средини и недостаток на
   алтернативни извори на финансирање.

        Во областа на предучилишното образование  , во периодот на имплементација, покрај
   градинките (јасли и градинки), започна формирање на центри за ран развој, кои ја
   спроведуваат Програмата за ран развој за деца од три до шест години и може да бидат во
   јавна и приватна сопственост. И покрај постојано       то зголемување на капацитетот на
  предучилишните установи од една и континуираното намалување на бројот на деца од
  предучилишна возраст од друга страна, бројот на деца кои посетуваат предучилишно
   образование е сè уште низок (околу 31% од децата од предучили  шна возраст). Проекциите
   на ППРМ за отварање и функционирање на предучилишни установи во секоја населба не се
   реализирани, па така основен проблем во оваа област е недостатокот на капацитет, поради
  што за прифаќање на децата установите се приморани да рабо  тата со поголем капацитет од
  предвидениот (во 2023 за околу 13%). Овој недостаток е најголем во Југозападниот (30,5%) и

  Полошкиот плански регион (29,4%).





     2 Агенција за планирање на просторот    - Годишен извештај за спроведување на Просторниот план на Република
   Македонија, 2020 година

                                                                                  17
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":29}>>>
