<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":27,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=27"}>>>
              Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

  системски мерки од различна природа: економски, демографски и социјални, како и
  мобилизирање на сите засегнати страни со иста цел     - обезбедување на позитивна клима и
  квалитетен животен стандад како основна мотивација за реализација на овој приоритет.

 2.5. Урбанизација и мрежа на населби

        Во Просторниот план на Република Македонија (2002  -2020 година), основната рамка
   за организација, уредување и користење на просторот се заснова на интензивирање на
   развојот на градовите и зголемување на степенот на урбанизација. Принципот на
  полицентричност  како основа за формирање на балансиран, динамичен, хиерархиски
  конципиран систем на централни населби во рамките на процесот на децентрализираната
  урбанизација e планиран во вид на просторно  -функционални единици и урбани центри од
  различен хиерархиски ран г со цел да се постигне рамномерен територијален развој.

         Современите трендови во движењето на населението укажуваат на тоа дека
  предвидениот концепт на децентрализација на урбанизацијата и регионално рамномерниот
  динамичен полицентричен урбан систем не се реализираше. Главни причини за тоа се
  завршување на проце  сот на транзиција на работоспособното население од примарно во
  секундарно и терциерно -квартални дејности, со што е забавен преминот на населението од
  селски во градски населби, трансформацијата на руралните населби во населби со одреден
  степен на урбан изираност , како и демографско слабеење на селските населби, што доведе
  до демографска стагнација и постепена депопулација на урбаните населби. Сепак, факт е
  дека просторно -функционалните единици и урбаните центри не се во доволна мерка
  развиени како би можеле да об езбедат просторно, економско и функционално интегрирање
  на подрачјето на Државата.

2.5.1. Просторен развој и користење на земјиштето

         Основната планска определба на Просторниот план на Република Македонија (2002    -
  2020) е зачувување, заштита и рационално користење на земјоделското земјиште и
  пренамена во непродуктивно земјиште само за активности од највисок јавен интерес.
  Периодот на импле ментација на ППРМ се карактеризира со недоследност во однос на оваа
  определба и пренамена на продуктивното земјиште при планирање на просторниот развој
  на населбите (проширување на планските опфати при изработка на урбанистички планови),
  како и при реализа   ција на инвестиции од област на стопанството, инфраструктурата,
  туризмот и други намени кои во најголем дел се резултат на приватни иницијативи и
  интереси. Непостоењето на база на податоци за интензитетот на овие трансформации не
  дава можност за подлабока  анализа и заклучоци во таа насока, кои се клучни за одржлив
   развој и рационално користење на природните ресурси.

         Сепак интензитетот на овие промени не е во обемот предвиден со Просторниот план
  на Република Македонија    , кој предвидува зголемување на површината под населби за
   30.000,00 ha, за потребите на легализација на бесправно изградени објекти и проширување
  на планските опфати населените места. Површината под населби во 2021 година е
  значително помала од планираната за околу 52%. Но, имајќи предвид дека надлежните
  институц ии не располагаат со регистар на актуелни урбанистички планови за населби во
  Државата од една и изворот на податоците користени за оваа анализа од друга страна,
  резултатите сепак треба да се земат со извесна доза на резерва.

        Според резултатите од анкетата спроведена за оваа намена, само 2,7% од вкупната
  територија на Државата е покриена со плански документи од различни нивоа, што не е во


                                                                                 15
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":27}>>>
