<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":26,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=26"}>>>
             Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

       Во  периодот 2002  -2020 година, реализирани се повеќе детални геолошки
 истражувања во потенцијалните простори издвоени со ППРМ:

           · Во Кратовско  – Злетовската вулканска област вршени се интензивни детални
       геолошки истражувања на бакар, злато и сребро на локалитетот „Плавица, како и
       истражувања на молибден, бакар, злато и сребро кај локалитетот „Петрошница“;

           · Во Кожувската вулканска област       - детални геолошки истражувања на злато на
        локалитетот „Кожуф   –  Конско“, а на локалитетот „Алшар“, детални геолошки
       истражувања на арсен, антимон, талиум и злато;

           · Во Мариовската област во близина на с.Витолиште, извршени се детални геолошки
       истражувања на јаглен.

       Но и покрај извршените детални геолошки истражувања, нови рудници не се
 отворени, освен рудникот „Боров Дол“ во близина на Радовиш во рудниот реон Бучим       –
 Дамјан – Боров Дол, во 2019 година.

       Идните активности на овој план, неопходно е да обезбедат поинтензивни
 истражувањето и експлоатацијата на минералните суровини како серизна база за
 македонската економија, но притоа особено е значајно да се обезбеди поголема доследност
 во спроведување на ре гулативата и планските решенија за одржливо користење и заштита
 на природните ресурси.

2.4. Демографски развој

        Анализата на податоците од проекциите на населението во Просторниот план на
 2002 -2020 година, за 2020 година и оние од Пописот на населението во 2021 година покажа
 големи отстапувања, кои се условени од: долгорочниот карактер на проекциите, кои
 условуваат висок ризик за грешка во прогнозата; големиот интензитет на трајна и семејна
 емиграција во странство, која не можеше да се предвиди на почетокот на планскиот период;
 намалувањето на репродуктивната основа на населението и наталитетот во земјата поради
 емиграцијата во странство и пораст на бројот на децата родени во странство; интензивирање
 на процесот на стареење на населението и неговите последици и импликации врз
 демографскиот и социо -економски развој на земјата.

      Табела бр. 3 Вкупно население на Република Северна Македонија, според пописи на население
      (1994, 2002, 2021) и проекции на ППРМ (2002   -2020) , Извор: ДЗС, ППРМ

                                                       Просечен годишен       Просечна годишна
             Година             Вкупно население
                                                         пораст на населението       стапка на пораст

    Попис 1994                                 1.945.932

    Попис 2002                                 2.022.547           9.577 (1994 -2002)                  0.6%

    Проекции ППРМ 2020                       2.225.000      11.247 (2002-2020, ПП)                   0.5%

    Проценки ДЗС 2020 (31.12)                 2.068.808      2.570 (2002 -2020, ДЗС)                   0,1%

    Попис 2021                                 1.836.713          -9.781 (2002 -2021)                  -0.5%

        Имајќи ја предвид основната премиса во планирањето       - дека просторот го чинат
 луѓето, а плановите се работат за обезбедување на достоинствен и квалитетен живот на
 населението, демографската ревитализација на Државата е еден од приоритетите во
 просторниот ра звој, а со тоа и во планските решенија на овој Просторен план, кој треба да
 дефинира мерки за надминување на негативните демографски трендови, задржување на
 (особено младото) населението, стимулирање на пораст на наталитетот и опстојување во
 матичните сред ини. Ова е комплексна задача и за нејзина реализација се неопходни


                                                                                14
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":26}>>>
