<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":25,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=25"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

2.2.1. Ловство

          Реализацијата на предвидувањата во делот на ловството покажува големи
   варијации во однос на речиси сите елементи, а особено на бројните состојби и отстрелот на
   дивечот. Како резултат на изменетите еколошки услови во живеалиштата на главните
   ловностопански видови дивеч, ловнопродуктивните површини се намалени кај сите видови,
   освен кај дивата свиња.

       Табела бр. 2 Видови на дивеч по ЛПП (Ловна планирана површина)

      Вид дивеч                        ЛПП во ППРМ (2002  -2020) (ha)      Актуелна ЛПП (ha)

      Обичен елен (Cervus elaphus  )                                       269.876                  190.000

      Срна (Capreolus capreolus  )                                          984.709                  850.000

      Дивокоза (Rupicapra rupicapra )                                       90.555                   87.000

      Дива свиња (Sus scrofa )                                            688.037                  750.000

        Зајак (Lepus europaeus  )                                             1.034.625                 700.000

       Полска еребица  (Perdix perdix )                                      447.910                 350.000

      Еребица камењарка  (Alectoris graeca  )                               212.230                 130.000

      Фазан (Phasianus colchicus  )                                           75.220                   52.000

         Во однос на бројната состојба на дивечот во споредба со планираната, исто така има
  намалување кај сите видови освен кај дивата свиња чија популација е благо зголемена.
   Реализацијата на отстрелот на сите видови (2022 година) е далеку под проектираната, што
   особено се однесува на еребицата камењарка (реализирани само 1,43 % од предвиденото),
   полската еребица (1,55 %) и зајакот (2,77 %).

2.2.2.  Ерозија и опустинување

          Интензитетот на ерозијата е генерално намален, како резултат на миграциите село     -
   град, напуштањето на земјиштето и намалување на сточниот фонд, како и на ефектите од
   новоподигнатите шуми. Во делот на пороите, со Просторниот план на Република Македонија
   (2002  - 2020) , е планирано уредување на најопасните порои, но во минатите две децении
   спроведени се делумни уредувања (регулации во долните текови на пороите), додека
   отсуствуваат мерки во сливот согласно легислативата и стандардите за интегрално
  уредување на поројните сливови. Намалено е и одржувањето на постојните објекти поради
   трансформациите и промените на надлежностите.

  2.3. Минерални ресурси

         Периодот на спроведување на Просторниот план на Република Македонија (2002        -
   2020) се карактеризира со недоволна истраженост и отсуство на стратешки пристап во
   истражувањето и експлоатацијата на минералните суровини. Значајни мерки кои се
  имплементирани се: формирање (обновување) на Геолошкиот завод на Република Северна
   Македонија; донесување на нов Закон за минерални суровини, изработка на Стратегијата за
   геолошки истражувања, одржливо искористување и експлоатација на минералните суровини
   за период од 20 год  ини, формирање на Државен инспекторат за техничка инспекција и
  донесување на Закон за техничка инспекција. Но, Државата сеуште не издвојува доволно
   средства за регионални геолошки истражувања  и недостасуваат сериозни бази на податоци
   со геолошка содржина.



                                                                                  13
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":25}>>>
