<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":24,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=24"}>>>
             Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

 индустриските култури, впечатлива е реализација на предвиденото производство кај тутунот
 (65%), додека планските проекции за заживување на одгледувањето на шеќерната репка и
 памукот до 2020 година не се остварени.

       Во однос на добиточното производство, реализација на 74% од        планираното е
 евидентирана кај говедата, додека кај останатите видови на добиток, таа е помала од 50%.

       Според тоа, во планскиот период во делот на користење на земјоделското земјиште и
 развој на земјоделството како една од најперспективните гранки на нашата економија,
 приоритетно е воспоставување и водење на стимулативна земјоделска политика, поддршка
 и стимулација на прои зводство на чиста, органска храна, строга и систематска политика на
 заштита на земјоделското земјиште како необновлив ресурс од сите облици на пренамена и
 деградација, како и предвидување и спроведување на силни и конкретни мерки за
 ублажување на влијанија та и последиците од климатските промени.

2.2. Шуми и шумско земјиште

       Во периодот на имплементација на Просторниот план на Република Македонија
 (2002 -2020), се уредени 998.054,00ha шуми и шумско земјиште од кои 844.670ha се
 обрaснати со шуми, а 142.384ha необраснати шумски површини. Уреденaта шумска
 површина со плански докум  енти е зголемена и изнесува 1.039.576ha, а зголемена е и
 обраснатата површина со шуми   (892.477,00 ha  ). Вкупната дрвна зафатнина  е зголемен од
 86.736.386 m 3 (101 m3/ha) на 93.454.576 m3  (104,7 m3/ha ), но просечниот прираст на шумите
 бележи намалување .

        Реализацијата на планираното пошумување изнесува околу 30 % од планираното.
 Подетално по региони за периодот 2011 -2020 година, во кој вкупната реализација е само 17
 % од планираното, се движи од 5,2 % (Скопски регион) до 49,9 % (Полошки регион). И
 понатаму доминира пошумувањето со црн бор (30,6 %), ела (16,6 %) и багрем (13,8 %).

       Планираната мелиорација на деградирани шуми и шикари    е реализирана само на
 површина од 263.000ha   , што е доста низок степен имајќи предвид дека   71% од вкупниот
 шумски фонд во 2000 год ина го сочинувале нискостеблени и деградирани шуми.

       Со Просторниот план до 2020 год. е планирано максимално користење на етатот
 (1.400.000 m 3/год.), а реализацијата изнесува само 840.000 m  3/год. Планирано е и поголемо
 користење на недрвни шумски производи од 4-600 t, но реaлизација та е минимална, пред се
 поради фактот дека овој сегмент сеуште не е организиран и нема релевантни податоци за
 соодветна анализа. Проекцијата за отвореност на шумите е скоро достигната (сегашна 8,41
 m/ha, планирана 9,03 m/ha), но планираното подобрување на патната мрежа,         како и
 изработката на планска и техничка документација за отворање на шумите не е реализирано.

        Реализираното производство на дрвни сортименти е 47 % од п редвиденото. Најниска
 реализација има во Скопскиот регион (32,86%), а највисока во Североисточниот (72,55 %).   Кај
 техничко дрво , реализирано е само 24,42 %  од предвиденото , со најниска реализација во
 Скопскиот регион.

        Реализираното пошумување и подобрената заштита на шумите дава позитивен
 импулс во напорите за сочувување на шумите како значаен и многукратен природен ресурс.
 Сепак, одржливото управување, повисок степен на искористување на    шумските резерви и
 недрвните шумски производи, како и промоција и брендирање на производството  , треба да
 е приоритет и во идниот период , а активностите на надлежните субјекти да се фокусираат не
 само на утврдување на конкретни мерки за заштита, туку и на нивно доследно спроведување.



                                                                                12
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":24}>>>
