<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":23,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=23"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

      Определбите на ППРМ (2002 -2020), во однос на земјоделското производство се
фокусира на користење на компаративните предности на Државата за разновидно
производство и специфични производи кои може да имаат предност на пазарот,
обезбедување на суровини за преработувачките капац  итети и зголемување на извозот.

      Проекциите за развој на земјоделството во ППРМ се презентирани со две сценарија.
Според првото, не се очекува сериозен исчекор кон подобрување на состојбата, односно ќе
продолжи трендот на деаграризација на просторот, ќе опаѓа интересот за земјоделското
производство и ќе се јави диспропорција во развојот и стагнација на производството.
Второто сценарио се залага за водење на аграрна политика која ќе овозможи умерени
ценовни субвенции во согласност со условите на Светската трговска организација (СТО),
користење на целото погодно земјоделско земјиште, успорување на миграцијата          на
руралното население кон урбаните центри, умерено усогласен прехранбен биланс и
релативно повисока цена на храната, како и паритетен приход за земјоделските
производители. Освен воведувањето на субвенции, и парцијалната консолидација на
земјоделското земји ште, не се направи посериозен исчекор во насока на реализација на
мерките кои ги предвидува второто сценарио, па така се оствари првото.

     И  покрај трендот на деаграризација на просторот и намалениот интерес за
земјоделското производство, примарно заради изразената миграција на населението од
рурална во урбана средина, евидентирана е реализација на околу ⅔ од прогнозираното
растително и добито чно производство.

    Табела бр. 1 Состојба, предвидувања и процент на остварено (во 1 000 ha или 1 000 број грла)

Култра                  Состојба во 1996    Предвидување за 2020     Состојба во 2020   % на остварено
Пченица                      117                  100                   73                73

Јачмен                       49                   65                   42                65

Пченка                       42                   55                   30                55

Ориз                          4                    5                    3                60

Шеќерна репа                  2                    4                    0                 0

Тутун                         12                   26                    17                65

Памук                        0                        1,5                   0                 0

Сончоглед                    17                   30                    4                 13

Компир                       14                   15                   13                87

Грав                          7                    7                    5                 71

Зелка и кељ                    3                    5                    5                100

Домат                        9                    10                    6                 60

Пиперка                      9                    12                    9                 75

Кромид                       5                    5                    4                80

Бостан                        9                    10                    5                 50

Лозови насади                 29                   40                    23                58

Говеда вкупно                295                  300                   222                74

Овци вкупно                 1 800                 2 600                  630                24

Свињи вкупно                 192                  350                   165                47

Живина вкупно               3 361                14 470                 1 643               11

Пчелни семејства              63                   100                  100               100

      Во однос на растителното производство, кај сите градинарски култури се евидентира
реализација на проектираното производство за 2020 година повеќе од 70%       , со исклучок на
бостанот, каде проекциите за производство се половично остварени. Кај житните култури
најголема реализација (73%) има кај пченицата, 65% кај јачменот и 55% кај пченката. Кај


                                                                               11
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":23}>>>
