<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":21,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=21"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

       Западната граница со Репуб  лика Албанија е со должина од 191 km и се протега во
меридијански правец. Главни гранични премини се Стење во Преспанска Котлина, Св. Наум
на јужниот брег на Охридското Езеро, Ќафасан кај Струга и Блато кај Дебар      .

     И покрај дефинираните граници на планскиот опфат, анализите и истражувањата не
се ограничуваат на административните граници, затоа што просторниот план како највисок
стратешки документ во многу сегменти ги надминува националните граници и има
трансграничен карактер, кога разработува билатерални и мултилатерални прашања.

      Општа цел на Просторниот план е да обезбеди одржлив, балансиран и усогласен
територијален развој на државата преку рационално користење и заштита на природните,
економските и културните ресурси, унапредување на квалитетот на животната средина и
создавање ф  ункционално просторно уредување. Оваа цел претставува основа за
долгорочно насочување на развојните процеси, воспоставување хармоничен однос меѓу
урбаните, руралните и природните подрачја, јакнење на регионалната кохезија, како и
создавање просторни услови  за одржлив економски раст, социјална стабилност и еколошка
отпорност.

      Основна задача на Просторниот план е усогласување на секторските развојни
стратегии на Државата и преточување на националните развојни приоритети во конкретни
плански решенија за уредување на просторот, користење на земјиштето и расположливите
ресурси, обе збедувајќи услови за хармонизиран и одржлив развој, со посебен акцент на
заштитата и на животната средина, природните и културни добра и благосостојба на
граѓаните.

       За остварување на целите и приоритетите на просторното уредување на земјата
неопходно е вклучување на највисоките државни институции со надлежности во ресорите и
областите кои се предмет на разработка на Планот.





                                                                                9
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":21}>>>
