<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":17,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=17"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

поголема во однос на нивото од 2006 година. Притоа, нивото на трговски дефицит не е
намалено, иако структурата на размената е значајно променета поради учеството во извозот
на неколку големи компании лоцирани во ТИРЗ -овите. Најголем дел од странските дирек тни
инвестиции во изминатиот период потекнуваат од неколку земји  -членки на ЕУ, што укажува
на поврзаноста на македонската економија со економијата на ЕУ. Истото се однесува и на
учеството на најголемите партнери во надворешно  -трговската размена. Заостанувањето во
процесот на евроинтеграцијата, покрај влијанието врз економијата, има рефлексија и врз
вкупната надворешно -трговска размена, приливот на странски инвестиции, миграциите, но
и на други полиња. Економската криза негативно       делува и врз туристичкиот развој,
намалувајќи ги можностите за инвестиции. Тоа се одразува и преку индексот на
конкурентност 1 според кој Република Северна Македонија се наоѓа на 87    -то место од 117
земји, што е многу ниско ниво.

       Членството  во Европската Унија од економски аспект, за земјата, значи побрз
економски раст, од причина што поголемиот европски пазар отвора појасни економски
перспективи и земјата станува поинтересна за странски инвеститори.        Користењето  на
европските фондови после зачленувањето може да донесе значајни финансиски приливи и
реализација на значајни инфраструктурни и други проекти.

       Стекнувањето статус членка на НАТО ја зајакна надворешната позиција на земјата во
поглед на нејзината безбедност. Во периодот 2021 -2023 година вкупните странски директни
инвестиции се зголемија, но сепак не може да се заклучи дека овој тренд е исклучиво
резултат на членството во НАТО, без да се земат предвид многубројните фактори кои влијаат
на странските инвестиции.

       Растот на светската популација и напредокот во технологијата неизбежно доведоа до
раст на потрошувачката на минералните суровини. Суровините кои се од големо економско
значење, а се изложени на висок ризик од исцрпување се нарекуваат „критични минерали“.
Тие се фундаментални и за производството на широк спектар на производи и за развојот на
„чисти“ (или зелени) технологии.

       Глобалните трендови значително влијаат и на земјоделското производство, каде се
манифестираат со нарушување на пазарот на земјоделско  -прехранбени производи и појава
на ценовни движења кои се резултат на ниската еластичност на понудата и побарувачката
при н ивна промена, што негативно влијае на социо   -економската состојба во  Државата и
стандардот на населението.

      Уште еден значаен глобален проблем е зголемениот обем на меѓународни миграции
предизвикани од економски, политички, безбедносни, климатски и други причини.
Промените на глобалниот пазар на трудот и миграциските политики на земјите на прием
предизвикаа голе ми демографски промени на населението во последните две децении и во
нашата држава , кои се манифестираат со депопулација од големи размери вкупно и посебно
на ниво на одделни региони и општини.

     Од друга страна, глобалниот тренд на урбанизација кој резултира со состојба во која
повеќе од половина од светското население живее во урбаните средини, се отсликува и во
Република Северна Македонија, каде во 2021 година околу 62% од населението живеело во
градови, а степенот на урбанизација од над 70% е забележан во 15 општини. Овие развојни
трендови значително ја зголемуваат побарувачката за инфраструктура, услуги, отворање
работни места и влијаат на климатските промени и животната средина, што во сферата     на
јавниот сектор покрај со концентрацијата на населението, се манифестира и со


1 The Travel & Tourism Competitiveness Report, 2021, World Economic Forum

                                                                                5
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":17}>>>
