<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":14,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=14"}>>>
             Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

1.2. Законска и институционална рамка

       Уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на
 животната средина и природата, како основни цели на Просторниот план, претставуваат
 темелни вредности на уставниот поредок на Државата, зацртани во член 8 од Уставот на
 Република Сев ерна Македонија. Со Уставот е зацртана и обврската за д     онесувањето на
 Просторниот план, како највисок акт за планирање и уредување на просторот на Државата
 (во член 68)  , во надлежност на највисокиот законодавен дом     - Собранието на Република
 Северна Македонија.

        Изработката на Просторниот план започна во 2017 год., согласно одредбите од тогаш
 важечкиот Закон за просторно и урбанистичко планирање и продолжува по истиот Закон,
 согласно преодните и завршни одредби од Законот за урбанистичко планирање донесен во
 2020 год., со чие стапување на сила престана да важи Законот за просторно и урбанистичко
 планирање.

       Во изработката и имплементацијата на просторните планови, целокупната
 институционална инфраструктура во Државата има свое место, улога и одредени задачи.
 Клучната улога ја имаат неколку институции:

           · Собранието на Република Северна Македонија, кое ги усвојува просторните планови,

           · Владата на Република Северна Македонија, која ги донесува Годишните програми за
        изработка на просторни планови,

           · Министерството за животна средина и просторно планирање        – задолжено за
        реализација на годишните програми за изработка на просторни планови и

           · Агенцијата за планирање на просторот, стручна институција задолжена за
       спроведување на политиката на планирање и уредување на просторот на Државата,
       преку изработка, имплементација и следење на спроведувањето на просторните
       планови.

       Во процесот на изработка на Планот значајна улога имаат планските региони чија
 партиципација во процесот е повеќенасочна   , обезбедува активно вклучување на локалните
 структури во изработка на Планот и со тоа вградување на локалните развојни стратегии и
 политики во планските решенија.

1.3. Осврт на просторното планирање во Република Северна Македонија

        Институционализацијата на просторното планирање во нашата Држава започнува во
 1970 година со основање на Дирекција за просторно планирање со седиште во Охрид, која се
 трансформира во Институт за просторно планирање   – Охрид, со работна единица во Скопје
 која функционира  до 1991 година. Во 1982 година е донесен првиот „Просторен план на
 Социјалистичка Република Македонија“, врз основа на кој се изработени   7 регионални и 29
 просторни планови за општини.

       Системот на просторно планирање повторно се воспоставува со осамостојувањето на
 Државата, кога е изработен и донесен (во 2004 година) Просторниот план на Република
 Македонија, со плански период до 2020 година.

      Во периодот по 1991 година, усвоени се следните просторни планови:

       ·   „Просторен план на акумулацијата Козјак”, донесен во 1999 година;

       ·   „Просторен план на заштитните зони на изворот Рашче”, донесен во 2002 година;

       ·   „Просторен план на Република Македонија”, донесен во 2004 година;

                                                                                 2
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":14}>>>
