<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":13,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=13"}>>>
             Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


   1.ПОЈДОВНИ ОСНОВИ


       Просторниот план е основен и највисок стратешки документ во планирањето на
 просторот и претставува национална стратегија за просторен развој, која дава насоки за
 организација, користење, заштита, уредување и управување со просторот на Државата.

       Изработката на Просторниот план на Република Северна Македонија (2021      -2040)
 година започна во 2017 година со усвојување на „Информација за потребите од изработка на
 нов Просторен план на Република Македонија, број 15  -1474/1 од 17.03.2017 година“, на 108 -
 та седница на Владата на Република Македонија одржана на 25.04.2017 година и „Акциониот
 план со предлог мерки за започнување на постапка за изработка на нов Просторен план на
 Република Македонија број 15 -2800/3 од 08.06.2018 година“, усвоен на 110   –та седница на
 Владата, одржана на 18.12.2018 година. Изработката на Просторниот план на Република
 Северна Македонија (2021  - 2040) е предвидена во Годишните програми за финансирање на
 изработка на Просторен план во: 2019, 2020, 2021, 2022, 2023, 2024, 2025 и 2026 го   дина, кои
 ги донесува Владата, на предлог на ресорното Министерство за животна средина и
 просторно планирање. Таа е резултат на повеќедецениски континуитет во просторното
 планирање во Република Северна Македонија и прифатените определби од претходните
 национални просторни планови (првиот донесен во 1982 година, вториот во 2004 година,
 Програмата за спроведување на ППРМ (2008   -2010), Годишните извештаи за спроведување
 на ППРМ (2002 -2020), повеќе стратегии, развојни документи и јавни политики на Државата,
 резултати од досегашни истражувања, податоци, информации и развојни програми на
 надлежните јавни институции и органи, како и сознанијата од       актуелни документи од
 сферата на планирање на просторот во Европа.

       Изработувањето, донесувањето и спроведувањето на Просторниот план на
 Република Северна Македонија претставува највисок јавен интерес.

1.1. Методолошки пристап

       Во рамките на подготвителните активности за изработка на Просторниот план на
 Република Северна Македонија (2021   - 2040), изготвена е нова Методологија за изработка
 на просторни планови, која е основа за изработка на и на останатите просторни планови кои
 ќе се изработуваат во периодот на имплементација на националниот просторен план, како
 негова разработка. Со методологијата е направен обид за интегрирање на новите резултати
 и искуства од научните и практични достигнувања во областа, како и иновативните пристапи
 во просторното планирање, фокусирани на одржливо користење и управување со просторот,
 базирани на прем исата за одржлив развој.

       Методологијата овозможува идентификување на ресурсите и потенцијалите на
 Државата, придобивките од нивното користење, одговорноста на засегнатите страни и
 надлежните институции, но во исто време и предизвиците со кои ќе се соочуваме во тој
 процес, во насок а на утврдување на конкретни мерки и активности за реализација на
 просторниот модел и планските решенија низ интегрален и континуиран процес. Во тој
 процес се идентификуваат различни интереси (конфликти) во користење на просторот кои
 се разрешуваат низ екс пертски и научен пристап и за кои се предлага оптимално, односно
 одржливо планско решение со најголем бенефит за Државата, прифатливо за сите засегнати
 страни.



                                                                                 1
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":13}>>>
