Кон содржината
OSINT.MK
OSINT.MK
ИСТРАЖУВАЈТЕ СО ОТВОРЕНИ ИЗВОРИ

Моите омилени

ДЕМОКРАТИКА / OSINT.MK

Добредојдовте назад.

Најавете се за да зачувувате и оценувате алатки.

Обратна идентификација

Refloow Geo Forensics

Desktop околина за групна EXIF анализа, мапирање фотографии и временски линии.

Без оценкиОцени ја алатката
Отвори официјален сајт ↗

Што прави алатката

Refloow Geo Forensics комбинира обработка на повеќе слики и видео-материјали со географски и хронолошки приказ. Документацијата опишува извлекување EXIF, интерактивни мапи и реконструкција на временски редослед. Ова е инсталирана апликација за работа со сет материјали, а не едноставен онлајн upload формулар.

Примена во независно истражување

Користете ја за споредба на теренски фотографии, документирање промени на објект и организирање материјали добиени од повеќе извори. Одделете ги автоматски извлечените полиња од вашите сопствени заклучоци.

Пример за примена

Граѓански тим следи промена на речен брег низ повеќе посети; новинар може да изгради проверлива временска линија од доставените фотографии.

Како да започнете

  1. Инсталирајте официјално издание за вашиот систем.
  2. Внесете копии од материјалите и прегледајте ги EXIF резултатите.
  3. Споредете ја мапата и временската линија со независни извори.

Ограничувања и толкување

Часовникот на камерата и GPS можат да бидат погрешни или изменети. Мапен приказ не ја докажува автентичноста на материјалот.

ПОВРЗУВАЊЕ НА НАОДИ

Комбинирајте со други алатки

Предложени истражувачки чекори; секоја алатка се користи одделно.

ExifTool

Проверете спорни полиња со независен локален читач.

QGIS

Споредете ги локациите со други географски слоеви.

Извори и документација

Описот е уредничка обработка на официјалната документација на македонски. Примерите и предложените комбинации се насоки на OSINT.MK. Уредничкиот преглед не е гаранција за достапност на надворешната услуга.

Може ли да работи во прелистувач?

Целосната апликација се инсталира на компјутер. Нема активен browser runner во OSINT.MK.